Македонија
18. October 2017 - 13:49

Гореше камион во Скопје

Гореше камион кај Катланово. Вчера  во 11:20 часот во Единица за информации и команда Скопје, Н.Н. пријавил дека на 16.10.2017 година околу 21:30 часот кај бензинска пумпа во с.Катланово-Скопје, додека управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Велес, истото почнало да гори. Н.Н. го паркирал и излегол, а за кратко време целото возило го зафатило пламен. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.