Македонија
28. January 2017 - 13:14

Гореше куќа во Скопје

Вчера во 18.15 часот во ЕИК Скопје, од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било пријавено дека на ул. „Саса 12“ во куќа сопственост на Ѓ.И.(62) од непознати причини настанал пожар.

 Во пожарот целосно е изгорено поткровјето и делумно кровот. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.