Македонија
19. September 2020 - 20:17

Гори планината Стогово, нема реакција на институциите

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа. Последното село кое е во близина на пожарот е Броштица, а тамошните жители велат дека теренот е непристапен и може само пешки да се стаса. Досега не е активирана авионската единициа за гаснење на пожари.

Проценките се дека засега нема опасност пожарот да се прожири до селото, но од другата страна на Стогово е галичкиот крај и селата од галичник.

-Во контаакт сме со општината, но Центар Жупа нема противпожарна единициа. Останува ноќта да ја минеме во набљудување на состојбата, велат жителите.

 

 

Марјан Николовски