Македонија
3. September 2015 - 15:55

Гори шума над патот Куманово - Свети Николе

Нискостеблеста шума и сува трева горат на потегот помеѓу кумановските села Орашац и Скачковце во месноста викана „Бела Вода“ над патот Куманово-Свети Николе.
 
На терен се ангажирани деветмина пожарникари со три противпожарни возила.  
 
- Станува збор за поголема површина која е зафатена со пожарот, изјави Илиевски. командирот на ТППЕ Куманово Дејан Иливески. 
 
Во гаснењето на пожарот кој во ТППЕ  е пријавен во 12:10 часот, вклучени се и неколкумина жители од Орашац.