Македонија
21. August 2016 - 18:54

Гори во Штип, голем пожар на депонијата

Пожар што зафати сува трева, лозов насад и една шупа избувна денеска помеѓу двете штипски населби Пребег и Мерите на местото викано кај старата депонија.

Командирот на ТППЕ на Штип Благој Ренџов вели дека е изгорена површина од околу 50 хектари, а 13-те пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот не дозволиле да ги зафатат и викенд куќите во населбата Мерите.

- Учествуваме во гаснењето на пожарот со четири противпожарни возила. Станува збор за голема површина што беше зафатена од пожарот и првично можам да кажам дека причина е човечки фактор, вели Ренџов. 

Дојавата за пожарот штипските поќарникари ја добиле околу 15 часот. По итневенцијата пожарот е локализиран.