Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар
Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69,5 денари за литар. Останатите горива поскапуваат за еден денар за литар така што новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,5, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 62,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,5 денари за литар.
Со одуката на РКЕ за 0,494 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 31,641 денари.
Како причина за зголемувањето на цените на горивата од РКЕ ги посочуваат за 2,94 отсто повисоката просечна цена на бензинот и за 3,42 отсто на дизелот на светскиот пазар во изминатите седум дена, како и за 0,076 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација