Македонија
14. јуни 2017 - 17:17

Град ја покри земјата - силно невреме го зафати Скопје

Поголема облачна и нестабилна маса од север се спушти кон нашето подрачје  северните и североисточните делови, вклучувајќи ја Скопската котлина ги зафати силно невреме, проследено со град, силен ветер и грмотевици, соопшти УХМР.

Граѓаните јавуваат дека градот со големина на орев предизвикува ошететувања на автомобилите, а од силината на ветрот забележани се и паднати дрвја низ Скопје.

Невремето што почна во 17 часот се уште трае, со послаб интензитет.

Во овој момент поизразена нестабилност има во околината на Чашка, со пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Системот се движи кон исток-југоисток во правец кон Градско.

ВИДЕО од силното невреме во Скопје - паѓаше град со големина на орев