Град Скопје со повеќе форми за справување со загаденоста на воздухот
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска изјави дека градот е подготвен и годинава, ако има потреба, да изврши прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат за цел подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град.
На новинарско прашање дали прскањето на улиците со калциум магнезиум ацетат минатата година покажа резултати и дали градот Скопје годинава се подготвува за такво нешто градоначалникот Трајановски одговори дека тоа дало резултати во намалувањето на ПМ 10 честичките во воздухот.
- Минатата година беше набавен калциум магнезиум ацетат и беа адаптирани седум-осум возила од „Комунална хигиена“ за прскање на улиците со тоа средство. Тие се веќе подготвени, набавена е дополнителна количина на калциум магнезиум ацетат и тој ќе биде употребен, исто така, и оваа година, рече Трајановски, кој денеска присуствуваше на акцијата за засадување нови 30 дрвца во средното економско и правно училиште „Васил Антевски – Дрен“ во општина Кисела вода.
Градоначалникот потенцираше дека растворот калциум магнезиум ацетат бара да се користи во специфични услови, како и дека тоа се искуства кои се користат од други градови во Европа.
- Ова е само една од формите и начините на кои Градот Скопје се бори за намалување на загаденоста и да ги подобри условите за живеење на граѓаните, истакна тој.
Растворот ги апсорбира канцерогените ПМ10 честички така што тие се лепат за калциум магнезиум ацетат, се претвораат во смеса, остануваат на земја и не одат во атмосферата, и со тоа го намалува загадувањето на воздухот и до 30 отсто.
Ново на Сител
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут