Македонија
28. October 2016 - 15:34

Градоначалникот Стевчо Јакимовски во посета пензионерскиот дом „Мајка Тереза“

По  повод  Деновите на Општина Карпош, во пресрет на 40-годишнината од формирањето на локалната самоуправа, во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита, општинска администрација од Општината, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска беше во посета пензионерскиот дом „Мајка Тереза“.

Јакимовски истакна дека  локалната самоуправа, освен што има надлежности и обврска да реконструира и асфалтира улици, да реновира и гради основни училишта и градинки, да гради паркови и плоштади, има и обврска да се грижи за сите свои жители, кои  припаѓаат на различни категории.