Градот Пресиче во Италија нуди до 30.000 евра за оние кои што ќе се населат во него
Градот Пресиче, на југот од областа Пуља во Италија, е уште еден во низата што ќе им плаќа на заинтересираните за зголемување на тамошното население, ветувајќи им до 30.000 евра, Иако, како и секогаш, има услови… Оние кои ќе ја прифатат понудата мора да ги искористат парите за да купат празен, т.е. напуштен имот, што чини околу 25.000 евра и да го реновираат.
– Има многу празни куќи во историското место, изградени пред 1991 година, кои би сакале повторно да ги видиме со нови жители. Ќе им понудиме до 30.000 евра на луѓето кои сакаат да се преселат овде и да купат еден од овие напуштени живеалишта. Вкупните средства ќе бидат поделени на два дела: едниот дел оди за купување на старата куќа, а другиот оди на негово реновирање, доколку е потребно, изјави претставникот на локалната власт, Алфредо Палезе за Си-ен-ен.
Пресиче е последниот во низата рурални заедници на Апенинскиот Полуостров што се обидуваат да привлечат нови жители со парични стимулации. Правилата варираат од град до град, но обично потенцијалните апликанти мора да се обврзат да платат за реновирање на домот во одредена временска рамка, и да го користат како основно живеалиште.
Ново на Сител
-
Со донација од 400.000 долари од САД реконструирана Клиниката за гастроентерохепатологија
-
Запленета марихуана вредна 100.000 евра во голема полициска акција
-
Експлозија на боца предизвика пожар во стан во Карпош
-
Инспекции во битолската болница - се утврдува причината за смртта на малата Јана
-
Ковачевски ја повика Бугарија да ги спроведе пресудите на Стразбур
-
Со 400 000 долари донација од САД реновирана Клиниката за гастро
-
Вработените во Култура бараат повисоки плати
-
Наместо да увезуваат работници, македонските компании сакаат да ги обучуваат студентите