Граѓани протестираа против извршителите
Граѓани денеска протестираат пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето извршителите. Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплататат на долгот да не трае подолго од две години а не десет или повеќе години и да се почитува застарувањето на догловите.
– За кривични постапки постои застарување, но за долг не постои. Има и диви лихвари. Ми се јавија луѓе кои од физичко лице позајмиле пари по ненормални камати. Тие се во спрега со нотар, извршител. Значи, див лихвар, физичко лице соработува со извршител и со нотар и доаѓа до ненормални суми на пари. Тоа мора да се прекине, рече Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“.
Марјан Ристески, кој е еден од иницијаторите на протестот, изјави дека извршителите во текот на 2019 година од државните институции зеле 20 милиони евра. Тој побара со ветинг да бидат опфатени и извршителите.
-Извршителите освен што ги крадат граѓаните, тие ја крадат државата. Ние нема да молчиме. Оваа неправда мора да се исправи. Гледаме дека најавуваат некакви мерки, меѓутоа не се јасни тие мерки. Ќе имало застарување на долговите, ќе имало замена на закон. Ние бараме конкретни резултати да кажат што значи тоа. Ниту еден извршител не одговара. Бараме ветинг и за извршителите за да докажат од каде им се парите. Извршителската функција стана најплатена функција во државата, рече тој.
Граѓаните порачаа дека нема да се смират додека не се најде решение за овие драконски казни и ќе протестираат се додека надлежните не се согласат и преземат конкретни мерки.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово