Македонија
11. јуни 2016 - 12:46

Граѓаните во паника - Пукање во Куманово среде бел ден

Паника во Куманово, непознато лице пукало со огнено оружје среде бел ден. Според информациите на полцијата , вчера околу  18,40 часот  лицето Д.Т. од Куманово пријавило дека на  ул.„Лесковачка“, засега непознато лице од возило со пиштол испукало неколку пати во воздух во движење и продолжило кон нас.„Јане Сандански“.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.