Македонија
7. November 2018 - 20:38

Граѓанскиот сектор бара решение за финансирањето од локалната власт

Од 2012 –та до 2017-та година., општините за проектни активности на граѓанските организации не доделиле ниту денар. Анализите покажале дека 1 % буџетски општински средства биле издвојувани, но не и доделувани.

- Од 2018-та малку се менува таа состојба и дел од општините веќе доделија средства кои повторно се движат од 0,5 до 1% од вкупните буџети на општините, но е е добро што се почна од некаде-изјави БОРИС ШАРКОВСКИ, ФОНДАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА   

5 од 11 општини во источниот регион доделија средства за граѓанскиот сектор. Во Југо-источниот регион предничи Струмица, каде се доделени 14 милиони денари, а во Штип 1, 2 милиони денари.

- Онаму каде општините буџетираат 0, ние ќе инсистираме да се промени таа бројка, значи да има некакви средства, а нормално онаму каде што има доделено некои средства, тогаш таа бројка да се зголеми, изјави Шарковски

Идејата е да се понудат проекти кои што ќе бидат атрактивни и корисни, за општините да сфатат дека треба да го финансираат она што е важно за нивните граѓани.