Бизнис
22. September 2020 - 20:45

Грантови за уште 31 фирма преку Фондот за иновации

Фондот за иновации ќе финансира нови 31 старт-ап и спин-оф компании. Фондот обезбедува 75% од парите за реализација на проектите а останатите 25% ги самофинансираат компаниите.

Проектите ќе се реализираат во период од една година, а Фондот за иновации ги обезбеди парите преку Светската банка. 

Со тоа до сега во рамки на овогодинешниот проект „Стартапувај 2“ поддржани се вкупно 84 компании, чии инвестиции вредат над 3 милиони евра. Досега во нив работат над 250 лица со просечна плата од околу 600 евра, а според нивните инвестициски планови за една година би требало да го удвојат бројот на вработени. 

 

Мирјана Јовеска