Балкан
24. January 2016 - 11:41

Грчката Влада демантира дека има можност за предвремени избори

Портпаролот на грчката Влада Олга Геровасили ги демантира се почестите шпекулации дека во блиска иднина се можни предвремени избори во Грција.

- Владата доби мандат и се бори токму на начин како што им вети на грчките граѓани летоска, кога тие и ја дадоа довербата да се справи со ситуацијата, изјави таа за телевизијата Мега.

- Не станува збор за предвремени избори, истакна Геровасили.

Таа исто така, инсистираше на тоа дека не е точно оти пратениците на Сириза не ги поддржуваат пензиските реформи на Владата.

Мнозинството на владејачката коалиција од само три пратеници и притисокот на кредиторите за поголеми намалувања на пензиите ги поттикна шпекулациите во Грција дека Владата нема да може да опстане уште долго и оти премиерот Алексис Ципрас може да одлучи граѓаните повторно да излезат на гласање.