Грчката Влада ќе им исплати 9,5 милиони евра на општините во кои се сместени мигранти
За приемот на мигранти, општините во кои има прифатни центри, од владата ќе добијат вкупно 9,5 милиони евра, кои произлегуваат од реципрочната такса што изнесува 150 евра годишно за секое примено лице, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците од Министерството за миграција и азил на Грција, финансиските средства се однесуваат на 2019 година, а ќе бидат распределени на 36 општини во целата земја, во кои сместени се вкупно 63 276 мигранти.
Најголема е помошта за Лезбос, Самос, Хиос, Кос и Лерос, со оглед на тоа дека најголемиот број од мигрантите се токму на овие острови.
Општина Митилини на островот Лезбос, што воедно е и најпогоден од бегалските и мигрантските бранови, ќе добие речиси 3 милиони евра, бидејќи сместени се нешто помалку од 20 илјади мигранти.
Потоа следат општините источен Самос (1,1 милиони евра), Хиос (879 илјади), Кос (560 илјади) и Лерос (387 илјади).
-Со заедничка одлука на Министерството за миграција и азил и Министерството за финансии, итно ќе им биде исплатена реципрочна такса на општините кои го презедоа товарот за прием на мигранти во рамките на нивните административни граници во 2019 година. Конкретно, наскоро ќе се исплати износот од 9 491 400, што произлегува од доделувањето 150 евра годишно по човек во прифатните центри, соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција.
За оваа година, реципрочната такса на општините ќе им се исплаќа на секои три месеци.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри