Грчко МНР: Економијата, енергетиката и ЕУ перспективата во фокусот на средбите на Франкојанис во Скопје

Зајакнувањето на билатералните економски односи со акцентот на енергетскиот сектор и европската перспектива на Западен Балкан, биле во фокусот на разговорите на заменик- министерот за надворешни работи на Грција надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис, со владини претставници од Северна Македонија, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменик шефот на грчката дипломатија вчера и завчера беше во дводневната работна посета на нашата земја и се сретна со заменик- министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, со заменик-претседателот на Владата надлежен за европски прашања Бојан Маричиќ, со заменик-претседателот на Владата надлежен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министрите за економија и финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, а беше примен и од премиерот Димитар Ковачевски.
За средбата со премиерот, од грчкото МНР соопштија дека Франкојанис му посакал успех во работата и „ја пренел поддршката на Грција за пристапните процес на Северна Македонија, а во исто време ја нагласил потребата за имплементација на Договорот од Преспа од страна на Северна Македонија“.
Истата порака, Франкојанис ја повторил и на средбите со Исаки и Маричиќ, паралелно изразувајќи ја „подготвеноста на грчката влада да понуди секаков вид поддршка на пристапните напори на Северна Македонија, како и техничко знаење за спроведување на потребните реформи.
Во однос на економскиот дел, според Министерството за надворешни работи на Грција, на средбите со Битиќи, Бесими и Бектеши се разгледале „аспектите на позитивната агенда во билатералните односи меѓу Грција и Северна Македонија, како и перспективата за проширување на економските и трговските врски меѓу двете земји“. с
Ново на Сител
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
-

Скопјанка со велосипед пропаднала во шахта на улица
-

Туск апелира до претседателите Навроцки и Зеленски да го решат спорот околу историските трауми меѓу Полска и Украина
-

Трамп бара итен прекин на израелско-иранските напади
-

Кривична за екс директорот на ЈП „Национални шуми“, продавал изгорени дрва по нереално ниски цени
