Бизнис
14. August 2020 - 16:38

Грција се повлече од идејата за ПЦР тест за камионџиите

Пандемијата ја преполови работата на превозниците. До 50 отсто се намалени и цените на транспортните услуги. Поради намалениот обем на работа дел од нив се принудени да ги стават во мирување возилата. Нарачките од европските земји се намалени, а пад има и кај увозот. Но и во вакви услови и по овие цени се трудат да работата и возат. Уверуваат дека нема опасност од недостаток на храна и други производи.

Македонските превозници се изборија за нив да не важи ПЦР тестот кој надлежните во Грција сакаа да го воведат за влез на транспортерите во земјата.

Транспортерите со подбри возила, со Еуро 5 и 6 еколошки стандард возат во Европа, а оние со послаби возила најчесто соработуваат со соседството.