Балкан
29. September 2016 - 12:00

Грција во пламен: За 24 часа избувнале 74 пожари

Грчката противпожарна служба синоќа соопшти дека за само 24 часа во земјата избувнале 74 пожари.

Од 74-те пожари, 32 избувнале во шуми или на обработливо земјиште, а 42 во урбани средини.

Нема извештаи за повредени лица или предизвикана поголема материјална штета.