Балкан
7. July 2019 - 16:36

Грците гласаат на предвремени избори - сите прогнозираат победа на Неа демократија

Мицотакис или Ципрас? Грциите енеска гласа на предвремените параламнетрани избори ке одлучат кој ке биде новиот премиер.  

 Анкетите покажуваат водство на Нова Демокартија од 13 проценти пред владеачката Сириза. Доколку се потврдат прогнозите , Мицотакис ке добие апсолутно мнозинство парламентот, а Ципрас ке биде жестоко казнет од граганите поради тешката економска ситуација и пропагањето на средната класа во земјата.

Сепак двајцата ривали се оптимисти. Мицотакис од бирачкото место порача дека е време грчкиот народ да ја земе судбината во свои раце. Ципрас  пак опкружен со симпатизерите кои му подаруваа цвеке  специјално им се обрати на младите и ги повика да не им остават на другите да одлучуваат за нив.

Наспроти ваквата еуфорија на партиските лидери, во оптек се анализите кои велат дека предизборните  ветувања во актулената грчка  економска ситуација тешко ке се остварат. Мицотакис пред изборите најавуваше нов  економски пристап , намалување на даноците и зголемување на платите, што ке биде тешко остварливо ако не се достигне раст од 4 проценти.  

Но, за тоа порача тој, ке му треба стабилна влада  и апсолутно мнозинство во  идниот парламент.

Шанси за влез во новиот состав има Движењето за промени на Генимата, Комунистичката партија, како и екстреммно десната Златна Зора.