-->
-->
Грета Тунберг го смени името на Твитер во Шерон
-->
Климатската активистка, шведската тинејџерка Грета Тунберг го смени своето име на Твитер во Шерон, по квизот во кој учесничка го згреши нејзиното име.
На прашањето за време на квизот „Мастермајнд“ на Би-Би-Си, актерката Аманда Хендерсон за името на тинејџерката која е климатска активистка одговори дека е „Шерон“ и нејзиниот одговор на социјалните мрежи е виден повеќе од пет милиони пати.
Веднаш по квизот и Грета Тунберг го смени името на Твитер во Шерон.
Покрај името, таа ги смени и годините, бидејќи во петокот наполни 17 години, а роденденот го прослави со протест пред зградата на шведскиот Парламент во Стокхолм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп