Фудбал
11. March 2021 - 10:44

Гризман: Барселона ќе се обиде да ја освои Лигата на шампионите следната сезона

Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман, по ремито со ПСЖ во осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите (1:1) изјави дека играта му дава на тимот самодоверба.

– Многу ми е жал. Имавме четири големи шанси плус пенал. На крајот станува потешко ако не постигнете гол. Но, ние и денес одигравме многу подобро отколку на првиот натпревар. Не успеавме да одиме понатаму, но покажавме квалитет. Нивниот голман Навас одигра неверојатен натпревар, честитки за него! – рече Гризман.

Тој додаде дека каталонскиот тим може да биде горд на прикажаната игра.

– Вакви натпревари ни ја креваат самодоверба, и можеме да си заминеме со подигнати глави. Мислам дека не заслуживме толку рано заминување. Следната сезона ќе се обидеме да го освоиме турнирот, нагласи Гризман.

ПСЖ ја елиминира Барселона по 4:1 во Шпанија и 1:1 синоќа на реваншот во Париз.