-->
-->
Гризман против Роналдо и Бејл во трката за најдобар фудбалер на Европа
-->
Французинот Антоан Гризман ќе им биде конкурент на фудбалерите на Реал Мадрид, Кристојано Роналдо и Герет Бејл во трката за признанието најдобар фудбалер во Европа за сезоната 2015/2016 година.
УЕФА денеска ги објави имињата на тројцата кандидати за престижното признание најдобар на „Стариот континент“ за минатата сезона, откако минатиот месец беа објавени имињата на десетмината играчи кои добија најмногу гласови од новинарите од 55 земји.
Тројцата фудбалери беа дел од финалето во Лигата на шампионите, но за разлика од Гризман, фудбалерите на Реал, Роналдо и Бејл имаа причина за радост бидејќи Реал го победи градскиот ривал Атлетико Мадрид.
Кој ќе биде прогласен за најдобар во изминатата сезона ќе се знае на церемонијата која ќе се одржи во Монако на 25 август за кога е закажана и ждрепката за групната фаза во новата сезона за Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење