Македонија
17. October 2017 - 16:40

ГРОМ бара кривична одгвоорност за напаѓачите од неделата

Јавното обвинителство ги штити криминалците обвинува лидерот на ГРОМ и кандидат за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.. Тој вели дека е недозволиво Обвинителството да молчи за нападот пред седиштето на партијата кој се случи во неделата вечерта..

-Нашиот штаб беше грубо нападнат од активнисти на сдсм и верувале или Не, истите до сега не се повикани на разговор кога истите извадија лисици, нож и се обидоа физички да се пресметаат со наши колеги, вербално не навредуваа и не напаѓаа, се закануваа со убиство и можете да замислите вечерта Обвинителството се изјасни дека тука нема кривично дело, изјави Стевчо Јакимовски, Претседател на ГРОМ.

Од обвинителството пак велат дека ги следат пишувањата во медиумите поврзани со кривично-правниот настан и побарано е  полицијата да го обезбеди потребниот доказен материјал.. Потоа ќе одлучи дали ќе отвори случај за нападот врз Јакимовски..

Дадени се насоки за натамошно постапување на министерството за внатрешни работи, а во насока на утврдување на фактите.. По анализа на прибраниот материјал, Основното Јавно обвинителство ќе донесе одлука за натамошно постапување, пишува во известувањето на ЈОРМ..

Нападот врз Јакимовски пред партиските простории, го истражува и полицијата.. Од Министерството за внатрешни работи, за Сител потврдија дека денеска на распит во полициската станица Карпош биле повикани 51 годишниот С.Р и 36 годишниот Е.Ш и по документирање на случајот, двајцата ќе заработат соодветни пријави..