Гром усмрти три лица во Софија
Три лица загинаа, а четврто се бори за живот по удар на гром вчера попладне во центарот на Софија.
Како што неофицијално јавува бугарската национална телевизија, загинатите се сириски државјани на возраст од 20 до 30 години.
Инцидентот се случил кога четири лица стоеле под големо дрво кое било погодено од гром. Кај тројца од нив е констатирана смрт на местото на настанот, а четвртиот се здобил со тешки повреди и е пренесен во болница.
Брзата помош била повикана околу 18:15 часот и пристигнала девет минути подоцна. Кај тројца од жртвите била констатирана смрт на местото на настанот.
Четвриот бил однесен во болницата „Пирогов“, на Ургентниот оддел. Оттаму потврдиле дека лицето е сириски државјанин на 26-27-годишна возраст. Во несреќата тој се здобил со околу 20 проценти изгореници на телото.
Софија вчера била зафатена од силно невреме проследено со пороен дожд и силни грмотевици. Дел од медиумите јавуваа дека за помалку од еден час се забележани повеќе од 800 удари од гром.
Ново на Сител
-
Истражители и инспектори влегоа во битолската болница во потрага по причините за смртта на малечката Јана
-
Битолчанец заврши на интензивна откако добил отров наместо вода во кафуле во Битола
-
Мицкоски постави услов за Брисел, ќе преговара ако добие мандат на избори
-
Ковачевски со повик до Бугарија да ги почитува пресудите од Стразбур
-
Поскапуваат и личните документи, пасош ќе чини 2.000 по редовна и 6.100 денари по итна постапка
-
Работодавачите бараат да се намалат придонесите за да се зголемат платите
-
Вработените во Култура на протест бараат поголеми плати
-
Протестите во Франција стануваат се понасилни