Груевски и Богоевски досега не поднеле барања за апанажа
Поранешниот премиер Никола Груевски, кому Собранието му ја прифати поднесената оставка пред две недели, и пратеникот Павле Богоевски кој исто така поднесе оставка на функцијата до Собранието не поднеле барање за апанажа, информира претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите.
Груевски, кој е осуден со правосилна пресуда за набавка на мерцедесот, побара политички азил во Унгарија. Оставката ја поднесе од Унгарија кога во Собранието беше поднесено барање за одземање на неговиот мандат.
Пратеникот Богоевски, пак, поднесе оставка по објавената аудио снимка, за набавка на нелегална супстанца, за која тој рече дека станува збор за масло од канабис.
Поранешните пратеници Груевски и Богоевски имаат рок од 30 дена да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет во Софија
-
Сиљановска Давкова и Радев согласни дека е потребен дијалог
-
Влада: 250 милиони евра за проектите од општините, историски високи владини инвестиции
-
ЗКЛМ: Flightradar24 не е релевантна алатка, контролорите неосновано се осудени
-
Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ
-
Потврден случај на колера во Бугарија
-
Викендов дел од Европа ќе биде зафатена од невреме
-
Бајден: Не мислам многу на заканите од Путин, тој нема да победи во Украина