Македонија
4. September 2018 - 16:23

Груевски ја обвинува власта дека врши невиден притисок врз судиите во случаите против него

Против мене се води класичен политички прогонон. Поранешниот премиер Никола Груевски обвинува дека Власта со силен притисок врз судиите крои сценарио за тој пред референдумот да заврши во затвор.

Груевски вели дека утре ниту тој ниту неговите адвокати нема да дојдат на закажаното судење во скопска Апелација

Екс премиерот од прес центарот на Собранието и порача и на власта и на судиите дека еден ден сите одлуки ќе се преиспитаат а сите пропусти ќе бидат санкционирани

Апелациониот суд утре на јавна седница треба да ја разгледува жалбата на Груевски за пресудата во случајот Тенк. Судот истворемено на Груевски му закажуваше по неколку рочишта поради што екс премиерот редовно остануваше без своите адвокати кои мораа да присуствуваат во други судници бидејќи таму, судиите им изрекуваа високи парични казни за отсуство.
За утре пред судот најавени се и протести на поддржувачите на Груевски