Македонија
2. December 2016 - 19:13

Груевски: Минатиот труд и програмата „Реално“ ќе не` донесат до нова голема победа

Ние сме политичка партија која е посветена и сака да помогне на секого во државата. Тоа го правиме ќе продолжиме да го правиме. Тоа е една од големите разлики по кои се разликуваме од СДСМ. И на овие изборите ќе победиме поради нашиот минат труд и делата, поради држење на дадениот збор, но и поради новата програма, истакна вечерва во Свети Николе, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа во ИЕ4.

Посочи дека во Македонија се променија многу работи од кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, а граѓаните го осетиле тоа на своја кожа.

Посочи дека во времето на СДСМ, невработеноста се зголемува, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа се намалува.

-Не само минатиот труд и програмата наречена „Реално“ ќе не донесе до нова голема победа. Граѓаните овој пат имаат и специјална причина поради која ќе ги поразат СДСМ. Затоа што ги потценија, во овие две и пол години земјата ја ставаа во криза заради свои и нечии туги цели. Не само што слушаме дека ја напуштија теоријата дека ќе победат туку сега шират теорија и за широка коалиција. Тоа нема да се случи. Тоа нема да ја реши кризата. И сега имаме на некој начин широка олаиција па ништо не се промени. Нашата победа ќе биде огромна и на СДСМ нема да им текна да бараат широка коалиција, рече Груевски.

Посочи дека крајот на кризата ќе дојде само под еден услов , а тоа е доколку ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратеници.

-Откако им одговориме за широката коалиција сега најнова теорија им е дека водат на сите анкети. Пендаровски вели дека водат на сите анкети, а Шекеринска вели дека анкетите не се точни. Во 2014 Пендаровски велеше дека водат и тоа не малку, а изгубија со најголем број на освоени гласови на ВМРО-ДПМНЕ во историјата на Р. Македонија, рече Груевски.

Тој истакна дека СДСМ две и пол години ја држи Македонија во заложништво само поради приказните за фантомски гласови.

-Две и пол години Македонија се држи во политичка криза и заложништво и се започна со фантомските гласачи. Особено во последната година постојано го лажат народот со приказната дека изборните списоци не се прочистени и дека има 500.000 фантомски гласачи. Овој народ е мудар и знае да препознае дека некој го мами и потценува, рече Груевски.