Груевски може да добива плата од Собранието уште една година
Никола Груевски, кому денеска му беше констатирана оставката во Парламентот и кој по судските процеси доби политички азил во Унгарија, според Законот за пратеници има право да побара да остварува плата и по престанувањето на мандатот за време до една година. Ова право го има и Павле Богоевски, кој денеска поднесе, а Собранието му ја констатира оставката.
Засега нема информација дали Груевски, кој е во Будимпешта, ќе поднесе барање за плата, додека Богоевски, како што кажа на прес-конференција во Собранието, сé уште размислува за тоа.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека досега Груевски не поднел барање за апанажа.
И Груевски и Богоевски беа пратеници повеќе од две години односно во Парламентот се од крајот на 2016 година и според Законот за пратеници можат да остваруваат право на плата една година. Сумата што тие би ја добивале е 63.000 денари, односно онолку колку што изнесуваше досега нивната плата.
Во членот 36 од Законот за пратеници се наведува дека пратеник во Собранието може да остварува плата и по престанување на мандатот за време до една година и тоа: три месеци ако мандатот на пратеникот траел до шест месеци, девет месеци ако мандатот на пратеникот траел до 12 месеци и еден ден до 24 месеци, и 12 месеци ако мандатот на пратеникот траел 24 месеци и еден ден и повеќе. Пратеник може да остварува плата и подолго од една година, а најмногу уште шест месеци, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија. За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.
Според Деловникот за работа на Собранието пратениците на кои им престанал мандатот и поднеле оставка, барање за плата односно апанажа треба да поднесат до Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Личното барањето треба да се поднесе најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанувањето на функцијата.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата