Македонија
7. April 2017 - 17:46

Груевски од Струмица: 41 ранливо семејство ќе добие нов дом

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е во посета на Струмица, Груевски најпрво ја посети ТИРЗ Струмица со директорот Виктор Мизо, а потоа и старата струмичка чаршија во Струмица заедно со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. На посетите Груевски е придружуван од пратениците Ванковер Манчев и Васил Пишев.

Посетата на Струмица продолжи на локацијата каде интензивно се работи на изградба на нова социјална зграда од страна на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Посетата беше извршена со директорот на ЈП Цветко Грозданов, а во присуство на директорот од дирекцијата во Струмица Александар Маџаров. Во зградата ќе има 41 стан со квадратура од 44 до 48 квадратни метри. Станари може да бидат лица во социјален ризик. За разлика од претходната социјална зграда која беше наменета за лица со ниски примања и кои имаат право на закуп, но и на откуп на становите, новите жители од социјален ризик, нема да имаат право на откуп. Тие ќе добиваат договори за закуп на одредено време, а потоа ќе им бидат обновувани. Откако ќе завршиме со изградбата, министерството за транспорт и врски ќе објави оглас на кој може да стигнат апликациите на заинтересираните лица. Таму ќе се прави систематизација на оние кои ги исполнуваат условите и ќе бидат внесени во систем на кој по електронски пат ќе бидат избрани новите станари – истакнаа присутните.

17842172_1443618302325319_707237410_n