Македонија
16. September 2017 - 17:14

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се докажан партнер на граѓаните

Неработењето и неспособноста на новата Влада на централно ниво ќе се преслика и на локално. Токму затоа граѓаните знаат дека само со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се сигурни за својата иднината, порача лидерот на партијата Никола Груевски. На овие избори граѓаните ќе го одберат патот по кој ќе се движи Македонија, а ВМРо-ДПМНе ќе ја бара нивната доверба со квалитетни и проверени кадри и програма која ќе го подобри животниот стандард. 

Во пресрет на локалните избори, Груевски упати и директни пораки до кандидатите за градоначалници од редовите на неговата партија.

Груевски посочи дека отворањето на нови работни места, подобрувањето на инфраструктурата, нови канализациски и водоводни мрежи ќе бидат во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ и оваа изборна кампања.