Loading Video...
Свет
4. February 2018 - 21:24

Група блиска до Ал КАеда ја презеде одговорноста за соборениот руски воен авион и убиството на пилотот

Наши борци  го соборија рускиот воен  авион  во северниот дел на Сирија  и го убија пилотот кој се катапултираше, објави екстремистичката група  Тахрир ел Шам, блиска до Ал Каеда. Според Москва, леталото Су 25 е соборено со ракета  испалена од пренослив систем за противвоздушна одбрана а пилот бил убиен   откако пружил отпор при апсењето и пукал од неговиот пиштол на екстремистите кои се обиделе да го фатат жив. Русите се обидуваат да го дознаат потеклото на тој систем и како  стигнал до рацете на екстремистите.  Кратко по уривањето  на рускиот су 25 и лквидиацијата на пилотот следеше одмазда.  30 милитанти се убиени во руските воздушни напади во провинцијата Идлиб, од каде беше испалена ракетата.  Инаку Идлиб  е под контрола на опозициските бунтовници  и  екстремистички џихадистички групи, дел поврзани со Ал Каеда.