Gulf Oil донираше нафта во вредност од 1.200.000 денари за Бигорскиот манастир, „Св. Јован Крстител“, и за женскиот манастир „Рајчица“
Нафтената компанија Gulf Oil донираше нафта во вредност од 1.200.000 денари за потребите на Бигорскиот манастир, „Св. Јован Крстител“, и за женскиот манастир „Рајчица“.
Компанијата, која е присутна на македонскиот пазар од 2017 година, преку стратешкото партнерство со „Супертрејд“, за оваа донација вели дека е само продолжување на корпоративната политика за општествена одговорност на компанијата.
„Среќни сме што преку нашето работење можеме да помагаме во заедницата на различни начини и да ја покажеме нашата грижа и вклученост во градењето еднакви можности за сите. Со оваа донација се погриживме сите оние кои бараат прибежиште во овие манастири да имаат нормални услови за живот и подготвено и топло да ја дочекаат зимата, која знае да биде доста сурова, особено во овој регион. Нашата компанија и во наредниот период, како и досега, ќе продолжи да помага и да создава можности онаму каде што тие се најпотребни“ – изјави Владимир Стајиќ, генералниот менаџер на Gulf Oil во Македонија.
Донацијата во нафта е во вредност од повеќе од 1.200.000 денари и е за потребите на Бигорскиот манастир и за манастирот „Рајчица“ за нормално функционирање во текот на целата зима.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени