Гутереш: Пропаднаа преговорите за обединување на Кипар
Преговирите за надминување на четиридецениската криза на Кипар пропаднаа, соопшти рано изутринава генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
- Со исклучително разочарување ве информирам дека и покрај ангажираноста и решитеноста на сите делегации, Конференцијата за Кипар заврши без да биде постигнат договор, изјави Гутереш на прес-конференција во Кран Монтата, каде изминативе десетина дена се одржуваа преговорите за повторно обединување на Кипар.
Гутереш на преговорите во швајцарското одморалиште се приклучи вчера, што беше оценето како обид за дополнителен притисок врз делегациитена двете кипарски заеднициа за постигнување договор.
Според извори во ОН, учесниците на преговорите имале и телефонски разговор со американскиот потпретседател Мајкл Пенс, кој апелирал до нив да ја искористат историската шанса за обединување на островот,
Кипар е поделен од 1974 година кога турската армија интервенираше на островот, како одговор на воениот преврат предводен од кипарските Грци, чија цел беше приклучување на земјата кон Грција. По воената интервенција на Турција, турските сили презедоа контрола врз северниот дел на островот, каде подоцна беше прогласена Турската Република Северен Кипар, која е призната само од страна на Анкара.
Ново на Сител
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово