Македонија
15. October 2015 - 11:31

Хаџиниколов, Бојку и Костадиновски добитници на наградата „23 Октомври“

За остварување во областа на културата и уметноста овогодинешни добитници на државната награда „23 Октомври“ се Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник, Фејзи Бојку, писател и Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички  критичар, одлучи Одборот за доделување на наградата.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно - историското наследство на Република Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2015  година (петок) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.