Македонија
13. November 2019 - 18:02

Хајко Мас повикува: Не се откажувајте од европската перспектива

Германија ќе лобира за Македонија да добие датум за страт на пристапниот процес до следниот самиот на Европскиот совет.

Гермнаскиот беф на дипломатијата вели дека неговата државата е многу разочарана од последната ослука на европските лидери, но нема откажување. Мас не сакаше да открие детали за тоа како ќе изгледа новата методологија за проширување видејќи вели дека за тоа ќе дебатираат сите земји членки на унијата.

Очекува Македонија да ги продолжи реформите во борбата со корупцијата и владеењето на правото, важни и за граѓаните и за Европа.

Посетата на Мас според министерот Димитров е уште една пшотврда за силната поддршка на Германија. И македонскиот шеф на дипломатијата вели дека земјава направи се што беше побарано за да го стартува присптапниот процес, а интеграцијата на Македонија вели дека е важна и за нас но и за самата унија

Позитивниот исход од вчерашната средба Макрон-Пендаровски, според премиерот Заев е охрабрување за европската перспектива на Македонија.

Заев потенцира дека новата методологија во преговорите со унијата е само усште поголема мотивација земјава да остане посветена на реформскиот процвес.