-->
-->
Хакери објавија дека ги имаат наредните епизоди од „Игра на тронови“
-->
Додека фановите со нетрпение ја очекуваат секоја епизода од новата сезона на „Игра на тронови", хакери објавија дека ги имаат „украдено“ наредните епизоди и се закануваат дека ќе ги пиратираат пред нивната премиера.
Имено, како што пренесува „Ентертејнмент Викли“, заштитата на ХБО е пробиена, и оттаму се преземени 1,5 терабајти податоци. Од украдените фајлови, хакерите пуштија онлајн необјавени епизоди од сериите „Ballers" и „Room 104", како и трејлери за следната четврта епизода од „Игра на тронови".
Од ХБО го потврдија хакирањето, но не открија што се се наоѓа во посед на хакерите, кои се закануваат и дека „наскоро следи уште повеќе".
Киберкриминалците испратија дел од хакираната содржина и до одредени новинари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња