Ф1
27. September 2015 - 14:02

Хамилтон најбрз на Сузука

Возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон беше најбрз на трката од шампионатот во Формула 1 возена утринава за Големата награда на Јапонија, а неговиот клупски колега Нико Розберг го освои второто место на патеката „Сузука“.
 
За Хамилтон ова беше осми триумф во 14. трка оваа сезона и вкупно 41. во кариерата.
 
Актуелниот Ф1 шампион трката ја извози со време 1:28:06.508 часа, Розберг заостана 19 секунди, а трет беше Себастијан Фетел од „Ферари“ со 20,8 секунди побавно време од победникот.
 
Пласман од четвртото до десеттото место обезбедија: Кими Раиконен, Валтери Ботас, Нико Хулкенберг, Роман Грожан, Пастор Малдонадо, Марк Ферстапен и Карлос Саинс.
 
Во Генералниот пласман лидер е Хамилтон со 277 бодови, пред Розберг со 229, Фетел има 218,...