-->
-->
Хамилтон: Не очекував таков пад од Ферари
-->
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон призна дека не очекувал таков разочарувачки крај на сезоната за тимот на Ферари.
Британецот по трката одржана викендот, ја зголеми предноста пред Себастијан Фетел на 67 бода во генералниот поредок, што всушност гарантира шампионска титула.
-До средината на сезоната „Ферари“ беше многу добар. Во Монца, тие се уште беа конкурентни, а веќе во Сингапур тргна лошо за нив. Не очекував од нив да се предадат. Сепак, на последните две-три трки имаат голем пад. Не можам да сфатам што се случува во конкурентскиот табор. Сигурен сум дека Фетел ќе го објасни тоа подобро, изјави Хамилтон.
Во Генералниот пласман Хамилтон води со 331 бод, Фетел има 264, а вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас е трет со 207 бода. з
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата