Loading Video...
Ф1
11. October 2020 - 15:54

Хамилтон победи на германското Гранд при и го израмни рекордот на Шумахер

Луис Хамилтон е победник на германското Гранд при, односно 11-тата трка во Формула 1 шампионатот. 
 
Британецот до својата шеста победа сезонава стигна откако во 13-от круг ја искористи грешката на својот тимски колега Валтери Ботас и го мина Финецот, по ја презеде лидерската позиција која не ја испушти до крајот на трката. 
 
Покрај возачот на Мерцедес, денеска на пиедесталот се искачија и Макс Верстапен од Ред Бул и Даниел Рикардо со Рено. 
 
Со денешната победа Хамилтон стигна до бројката од  91 триумф во Формула 1 шампионатот, со што го израмни рекордот на легендарниот Михаел Шумахер. 
 
Шанса да избие сам на првото место на вечната листа Хамилтон ќе има за 14 дена (25 октомври) за кога е закажано португалското Гранд при.