Хамилтон победи во Кина и излезе на чело на табелата
Големата ѕвезда на Мерцедес, Луис Хамилтон го освои денешното Гран При на Кина, третиот круг од сезоната 2019 во Формула 1.
Петкратниот светски шампион започна втор, но уште на излез од првата кривина го претекна клубскиот колега Валтери Ботас и ја поведе колоната. До крајот, Луис не остави шанса на болидите зад себе и со леснотија го контролираше растојанието пред вториот Валтери во цела трка.
Така Британецот го смени на првото место пилотот од Финска и веќе е лидер на табелата со шест поени предност.
За третата позиција успеа да се избори Себастијан Фетел, за кого ова е прв подиум од почетокот на сезоната. Четирикратниот светски шампион прво мораше да се справи со тимскиот колега Шарл Леклер, а подоцна се одбрани од најбрзиот во оваа фаза од трката во Шангај, Макс Верстапен. Холанѓанецот го претекна со својот Ред Бул, но атрактивниот контранапад од страна на Себ на крајот му го донесе третото место во финалето.
Така Верстапен не успеа да ја исполни заканата и да му врати на Фетел по вчерашниот спор меѓу нив во квалификациите и остана зад него на четвртата позиција. Леклер не успеа да ги нападне првите тројца и заврши петти.
Во топ 10 влегоа уште Гасли (Ред Бул), Рикардо (Рено), Перез (Рејсинг Поинт), Раиконен (Алфа Ромео) и Албон (Торо Росо).
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари