Loading Video...
Ф1
28. March 2021 - 18:58

Хамилтон победник на првата трка во новата сезона на Ф1

Ако се водиме по непишаното правило „денот по утрото се познава“ тогаш сигурно дека во новата сезона на Формула 1 шампионатот ќе гледфаме големи возбудувања. 
 
Така беше на денешната премиерна  трка возена за Големата награда на Бареин на која победи актуелниот светски шампион Луси Хамилтон. 
 
Возачот на Мерцедес водеше голема битка особено во завршните шест кгруга со пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен кој и покрај одличниот настап на крајот мораше да се задоволи со второто место. 
 
Како трет трката ја заврши вториот пилот на Мерцедес, Валтери Ботас кој освои и екстра поен откако во последниот круг постави најбрзо време на трката.  
 
Следната (втора) трка во Ф1 шампионатот е закажана за 18 април во Италија