Свет
10. March 2016 - 15:29

Хамнеи: Иран се уште нема корист од многубројните западни делагации

Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Хамнеи денеска изјави дека економијата на неговата земја се уште нема никаква корист од многубројните западни делагации кои го посетиле Иран, кои засега само ветувале.

- Се уште очекуваме да видиме некакви реални подобрувања. Ветувањата на хартија немаат вредност, изјави Хамнеи на средбата со новоизбраните членови на Собранието на експерти, една од најавторитативните институции во земјата.