Македонија
19. November 2018 - 16:06

Хан: Секоја земја од Западен Балкан ќе се третира одделно - нема членство во ЕУ во пакет

Земјите на Западен Балкан имаат европска песпектива, но секоја ќе се проценува одделно на тој пат, порача еврокомесарот за проширување Хан, на регионалниот лидерски состанок , во организација на австрискиот канцелар Курц .
 
Секоја држава ќе се третира одделно, според постигнувањата. Најверојатно сите 6 земји нема да влезат во исто време , но треба да се потренцира дека сите имаат европска перспелтива.
 
Курц истакна дека Европската Унија  не е  целосна без државите од регионот.  Австрија, како актуелен престедавач со Унијата, се фокусира на напредокот и стабилноста на Западниот Балкан.
 
Фокусот го ставаме на три точки или , патот на регионот кон ЕУ, неопходната регионална соработка и решавање на билатералните конфликти во регионот.
 
Македонија интензивно работи токму на овие проротети, посочи вицепремиерот Ангужев, кој ја преставува Македонија на состанокот во Виена. Со Бугарија е потпишан догворот за добрососедство,а спроведувањето на Преспанскиот договор е во финална фаза.
 
Мислам дека парламентот ќе смогне сили и дека до јануари ќе бидат усвоени сите уставни промени.
 
Ангушев  порача дека Македонија ќе си ја заврши својата реформска задача и ќе обезбеи владеење на правото што ќе отвори  можбности за економска перспектива на земјата.