Македонија
1. May 2019 - 19:06

Хан: Време е за интеграција на Западен Балкан

Визијата за обединета Европа се остварува, сега е време да го финализираме историскиот проект на европското обединување со интеграцијата на Западен Балкан. Сигурен сум дека со заеднички напори тоа ќе биде успешна приказна за двете страни, напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на својот твитер-профил.

„Денеска прославуваме 15 години од проширувањето на ЕУ, амбициозен проект основан на заедничките напори и визија – да го реобединиме европскиот континет и да го обезбедиме мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани на ЕУ“, напиша Хан.