Харадинај: Споредбата на Косово со Каталонија ја влошува состојбата
Одлуката на Србија да се обрати до Европската комисија и при тоа да го спореди Косово со Каталонија, го отежнува решавањето на многу прашања и ја влушува состојбата, изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервју за „Слободна Европа“.
- Косово би решило многу прашања, доколку биде посигурно за својата перспектива. Новиот чекор на Србија - да се обрати до Европската унија и да го спореди Косово со Каталонија, ја отежнува таа состојба, нагласи Харадинај.
Тој потенцираше дека Косово не е кандидат за членство во ЕУ и дека има потпишано само Договор за стабилизација и асоцијација.
Косовскиот премиер додаде дека дијалогот за нормализирање на односите со Србија сега ќе го води косовскиот претседател Хашим Тачи, но со подготвена платформа за очекувањата на Косово од тој дијалог.
Тој увери дека косовската Влада ќе го поддржи Тачи во процесот на преговорите и при тоа ја повика косовската опозиција да го стори истото.
Србија ја обвини меѓународната заедница за двојни стандарди во однос на Косово и Каталонија.
- Како во случајот со Каталонија не важи референдумот за незавиност, а во случајот со Косово отцепувањето е возможно и тоа без референдум, нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ