Балкан
5. January 2017 - 12:37

Харадинај уапсен, Србија ќе бара екстрадиција на

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе побара од Франција да и го испорача Рамуш Харадинај и додаде дека се надева оти и во овој случај правото ќе биде над политиката.

- Сигурно дека ќе го бараме, рече Вучиќ пред новинарите и додаде дека е добро што правото е над политиката и дека не би сакал да се покаже оти и во Франција тоа е така.

Според него, како што јави Танјуг, српското Обвинителство има бројни докази и многу обвиненија и би било многу необично доколку Франција не постапи согласно правото.

- Доколку не биде така, нашата држава ќе процени како ќе се однесува во реципрочна ситуација, рече Вучиќ.