Хари и Меган и официјално без кралски должности и титула
Принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган повеќе нема да имаат обврски како членови на кралското семејство и повеќе нема да ја користат титулата „кралско височество“, соопшти вчера Бекингемската палата.
Во соопштението се наведува дека Хари и Меган повеќе нема да примаат средства од јавните фондови и оти ќе ги вратат парите потрошени за реновирање на својот дом.
– Хари, Меган и нивниот син Арчи секогаш ќе будат сакани членови на моето семејство, напиша кралицата Елизабета Втора во соопштението.
Таа по состанокот со членовите на кралското семејство на 13 јануари се согласи со желбата на Хари и Меган да водат независен живот и оти е договорен преоден период, во кој тие ќе го поминуваат времето во Канада и Велика Британија.
Војводата и војводтката од Сасекс претходно г о изненадија кралското семејство објавувајќи дека сакаат „нов работен модел“, што ќе им овозможи да поминуваат подолг период во Северна Америка и да бидат финансиски независни.
Ново на Сител
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите