Хари и Меган враќаат подароци од свадбата вредни 9 милиони долари: Кога ќе дознаете што им подарила кралицата ќе останете без текст
Да, ако некој може, но според правилата и прописите мора, да си го дозволи луксузот да врати свадбени подароци вредни над 9 милиони долари, тоа се тие – Хари и Меган Маркл.
Принцот Хари и Меган Маркл, враќаат 9,3 милиони долари во свадбени подароци, бидејќи вработените во Палатата сакаат да ги спречат компаниите да ги користат младоженците за маркетинг на своите брендови.
Ова е дел од вообичаениот протокол на кралското семејство. Правилата велат – „основниот принцип за прифаќање на подароци од страна на членовите на кралското семејство е дека не треба да се примаат подароци ни услуги кои би можеле да го стават членот на кралското семејство под било-каква обврска кон донаторот“.
На пример, модната марка „Бегс оф лав“ им испратила на двојката подарок кој вклучува костими за капење, во надеж дека би можеле да ги носат на нивниот меден месец. Кралските упатства наведуваат дека подароците кои имаат било каква поврзаност со промоција на бизниси во Велика Британија, треба да се одбијат, освен ако тие не се сувенир од официјална посета или добиени во друга, лична пригода.
Кралската двојка уште една недела пред свадбата објавила дека подароците кои ќе ги добијат ќе бидат донирани на една од седумте хуманитарни организации со кои соработува Палатата.
Подарокот од кралицата пак, е нешто сосема друго. Таа за свадбата на Меган и Хари им ја го подарила замокот Јорк Котеџ во Сандрингем. Но, подеднакво великодушна била и со подарокот за свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011, кога им го подарила замокот Енмер Хол.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација