Фудбал
12. March 2016 - 11:31

Херта со два гола го изпрати Шалке од Берлин

 Екипата на Херта забележа победа со 2:0 против Шалке во вовениот натпревар од 26.коло на фудбалското првенство на Германија.
 
На дуелот меѓу трето и четврто пласираните екипи во Бундес лигата, одигран синоќа во Берлин, домашниот тим до новите три бодови го предводеа, Босанецот, Ведат Ибишевиќ (42-минута) и Никлас Старк (65). 
 
На натпреварите кои ќе се играат денеска и утре ќе се сретнат: 
Хановер – Келн, Инголштат– Штутгарт, Борусија Менхенгладбах – Ајнтрахт, Дармштат – Аугсбург, Хофенхајм – Волфсбург, Баерн Минхен – Вердер (сабота), Баер Леверкузен – Хамбургер и Борусија Дортмунд – Мајнц (недела). 
 
Табела: Баерн Минхен 63 бодови, Борусија Дортмунд 58, Херта 45, Шалке 41, Мајнц 40, Борусија Менхенгладбах 39, Волфсбург 37, Баер Леверкузен 36 ...